LG V500 G Pad 8.3 User Guide

Page of 560
99
< Предни копчиња на допир >
Поставете ги предните копчиња на допир кои се прикажуваат во
долниот дел на сите екрани. Поставете кои од нив да бидат прикажани,
нивната позиција на лентата и нивниот изглед. Изберете ги копчињата и
редоследот, темата и заднината.
< Исправка на пропорции на приказ >
Ви овозможува да го смените соодносот на некоја преземена апликација за
да се поправи дисторзијата на екранот.
< Калибрација на сензорот за движење >
Ви овозможува да ја подобрите точноста на закосување и брзината на
сензорот.
Меморија
ВНАТРЕШНА МЕМОРИЈА – Го прикажува вкупниот износ на простор
во меморијата на уредот и наведува каков тип на податоци го користат
просторот.
SD КАРТИЧКА – Го прикажува вкупниот износ на мемориски простор на
microSD картичката.
Воспостави/Оневозможи SD картичка – Ја монтира и одмонтира
microSD картичката од вашиот таблет, така што можете да пристапите до
податоците складирани во неа, да ја форматирате картичката или безбедно
да ја отстраните. Оваа поставка е избледена ако не е инсталирана microSD
картичка, ако таа веќе е оневозможена, или пак ако е овозможена на
компјутерот.
Избриши SD картичка – Трајно брише сè на microSD картичката и ја
подготвува за употреба со вашиот таблет.