LG V500 G Pad 8.3 User Guide

Page of 560
101
ЛИЧНО
Сметки и синхронизација
На апликациите им дозволува да ги синхронизираат податоците во заднина,
без разлика дали вие активно работите со нив. Ако ја отштиклирате оваа
поставка ќе можете да ја заштедите батеријата и да го намалите (но не и да го
елиминирате) користењето на податоци.
Корисник
Име на профил – Ви овозможува да го поставите името на моменталниот
корисник.
Прекар – Ви овозможува да поставите прекар за вашиот таблет.
Информации за сопственикот – Штиклирајте за да го поставите името на
сопственикот на уредот да се прикажува на заклучен екран. Допрете
за да
го внесете текстот кој ќе биде прикажан како Инфо за сопственикот.
Додади кориснички – Ви овозможува да додадете нова сметка за таблетот и
да ја користите Мулти-корисничката функција.
Локациски пристап
Пристапи до моја локација – На апликациите кои побарале дозвола од вас
им овозможува да ги користат вашите информации за локација.
GPS сателити – На апликациите им овозможува да користат GPS сателити за
одредување на вашата локација со точност до ниво на улица.
Локација на Wi-Fi & мобилна мрежа – На апликациите им се овозможува
да ја користат услугата за лоцирање на Google за побрза проценка на вашата
локација. Ќе бидат прибрани податоци за локацијата и анонимно ќе се
испратат до Google.