LG H955 Owner's Manual

Page of 594
7
Напатствија за безбедно и ефикасно користење
пожар.
Користете сува ткаенина за чистење на надворешноста на уредот
(немојте да користите растворувачи како бензол, разредувач или
алкохол).
Немојте да го полните телефонот кога е поставен на мек мебел.
Телефонот треба да се полни во добро проветрена просторија.
Немојте да го изложувате уредот на прекумерни количества дим
или прав.
Телефонот држете го подалеку од кредитни картички или возни
билети; може да влијае на информациите од магнетните ленти.
Не допирајте го екранот со остри предмети, бидејќи тоа може да
го оштети телефонот.
Не изложувајте го телефонот на течности или влага.
Дополнителната опрема како слушалките користете ја
претпазливо. Немојте непотребно да ја допирате антената.
Немојте да користете, допирате или да се обидувате да
отстраните или поправите скршено, оштетено или пукнато стакло.
Оштетувањето на стаклото не екранот заради груба или неправилна
употреба не е покриено со гаранцијата.
Вашиот телефон е електронски уред кој генерира топлина за
време на нормалното работење. Екстремно долгиот директен
допир со кожата во отсуство на соодветна вентилација може да
резултира со непријатно чувство и помали изгореници. Затоа,
внимателно ракувајте со телефонот и полначот (брз полнач) за
време, или непосредно по користењето.
Ако телефонот се наводени, веднаш откачете го напојувањето и
оставете го целосно да се исуши. Не обидувајте се да го забрзате
процесот на сушење со надворешен извор на топлина, како печка,
микробранова печка или фен за коса.