LG H955 Owner's Manual

Page of 594
8
Напатствија за безбедно и ефикасно користење
Течноста во наводенетиот телефон ќе ја промени бојата
на ознаката на производот во внатрешноста на телефонот.
Оштетувањето на уредот како резултат на изложување на течност
не е опфатено со гаранцијата.
Ефикасно користење на телефонот
Електронски уреди
Кај сите мобилни телефони може да се јават пречки, кои може да
влијаат на работата.
Не употребувајте го вашиот мобилен телефон во близина на
медицинска опрема без да побарате дозвола. Избегнувајте да го
ставате телефонот во близина на пејсмејкер, на пример, во вашиот
горен џеб.
Кај одредени помагала за слушање може да се јават пречки заради
мобилните телефони.
Помали пречки може да се јават кај телевизорите,
радиоприемниците, компјутерите, итн.
Користете го вашиот телефон на температури помеѓу 0ºC и 40ºC,
доколку е можно. Изложувањето на вашиот телефон на екстремно
високи или ниски температури може да резултира со оштетување,
неправилна работа, па дури и експлозија.
Безбедност при патување
Запознајте се со законот и прописите за употреба на мобилните
телефони во подрачјата во кои возите.
Не употребувајте ја телефонската слушалка додека возите.
Посветете го целосното внимание на возењето.