LG H955 Owner's Manual

Page of 594
99
Поставки
Постепено намали звук при ѕвонење – Штиклирајте за да
овозможите со земање на телефонот од рамна површина да се
придуши тонот за ѕвонење на влезниот повик.
Дојдовен повик на чекање – Штиклирајте за да овозможите со
превртување на телефонот да се исклучи звукот за влезни повици.
Одложи или стопирај аларм – Штиклирајте за да овозможите
со едноставно превртување на уредот да се одложи или запре
алармот.
Паузирај видео – Штиклирајте за да овозможите со едноставно
превртување на уредот да се паузира видео записот кој се
репродуцира во моментот.
Помош – Приказ на водич за помош околу користењето на
функциите за гестови на уредот.
Калибрација на сензорот за движење – Ви овозможува да ја
подобрите прецизноста на закосувањето и брзината на сензорот.
Маска QuickCircle
Ова мени ви овозможува да изберете апликациите да се користат
директно во заднина во мал приказ со помош на QuickCircle.
Двоен прозор
Ви овозможува да ја конфигурирате функцијата Двоен прозорец.
Раздели приказ – Штиклирајте за да можете да допрете линк на
целосниот екран или прикачен фајл од е-mail пораки за отворање
на Двоен прозорец.
Помош – Приказ на совети околу користењето на Двоен прозорци.