LG H955 Owner's Manual

Page of 594
100
Поставки
< УПРАВУВАЊЕ СО УРЕД >
Датум и време
Користете ги поставките за Датум и време за да го поставите
начинот на кој се прикажуваат датумите. Овие поставки можете да ги
употребите и за поставување на сопствено време и временска зона,
наместо да го добивате тековното време од мобилната мрежа.
Меморија
ВНАТРЕШНА МЕМОРИЈА – Погледнете го користењето на
внатрешната меморија.
Батерија
ИНФОРМАЦИИ ЗА БАТЕРИЈА – Информациите за наполнетоста
на батеријата се прикажани на графикот за батеријата, заедно
со процентот на преостанатата енергија и статусот. Допрете
ја иконата за полнење на батеријата за приказ на екранот за
употреба на батеријата, со цел да го погледнете нивото на
батеријата и деталите за користењето. Телефонот прикажува и кои
компоненти и апликации најмногу ја трошат батеријата. Допрете
еден од елементите за да погледнете подетални информации.
Употреба на батерија – Приказ на искористеноста на батеријата.
Ниво на батеријата на статусната лента – Штиклирајте за приказ
на процентот на наполнетост на батеријата, на статусната лента
покрај иконата за батерија.
ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА – Допрете го преклопникот за заштеда
на енергија за да го вклучите или исклучите. Допрете Заштеда на
енергија за пристап до следните поставки:
ВКЛУЧИ ЗАЧУВУВАЧ НА ЕНЕРГИЈА – Поставување на процентот на
наполнетост на батеријата при кој автоматски се вклучува Заштеда
на енергија. Изберете помеѓу Веднаш, 5% батерија и 15% батерија.