LG G Pad 8.3 User Guide

Page of 560
21
Ослободете го само копчето за напојување/заклучување кога ќе
се прикаже LG логото, а продолжете со притиснување на копчето за 
намалување на јачина на звук.
Веднаш притиснете и задржете на копчето за напојување/заклучување 
+ копчето за зголемување на јачина на звук, а истовремено сè уште
држете го притиснато копчето за намалување на јачина на звук.
Ослободете ги сите копчиња кога ќе се прикаже екранот за фабричко
хардверско ресетирање.
Притиснете го копчето за напојување/заклучување за да продолжите
или кое било од копчињата за јачина на звук за откажување.
Притиснете го копчето за напојување/заклучување уште еднаш за да
потврдите или кое било од копчињата за јачина на звук за откажување.
Вашиот уред ќе изврши хардверско ресетирање.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ако извршите Хардверско ресетирање, сите кориснички апликации и
податоци како и DRM лиценците ќе бидат избришани. Не заборавајте
да ги архивирате сите важни податоци пред да извршите Хардверско
ресетирање.
5.  Отворање и префрлување меѓу апликации
Извршувањето на повеќе задачи со Android е едноставно, и можно е
истовремено извршување на повеќе од една апликација. Нема потреба да
затворите одредена апликација пред да отворите друга.