LG G Pad 8.3 User Guide

Page of 560
22
Користете повеќе отворени апликации и префрлувајте се помеѓу нив. Android
управува со сите апликации, запирајќи и активирајќи ги според потребите за
да се спречи непотребно трошење на ресурсите од страна на неактивните
апликации.
Допрете го и држете го Копчето за почетниот екран
. Ќе се прикаже
листа на неодамна користените апликации.
Допрете ја апликацијата до која сакате да пристапите. Со ова не се стопира
претходната апликација која работи во позадина на таблетот. Осигурајте се
да допрете на Копчето за назад
за да излезете од апликацијата која
сте ја користеле.
•  За запирање на апликации, допрете Управувач со задачи од листата на
последни користени апликации, а потоа допрете Стоп или Запри сè.
•  За отстранување на апликација од листата на последни користени
апликации, повлечете го прегледот на апликацијата налево или надесно. За
да ги избришете сите апликации, допрете Избриши сè.
6.  Кога екранот ќе се "замрзне"
Ако екранот замрзнe или таблетот не реагира кога ќе се обидете да 
работите: Притиснете го и држете го копчето за Вклучување/Заклучување 
12 секунди за да го исклучите вашиот таблет. Ако телефонот сè уште не
работи, обратете се до центарот за услуги.
7.  Не го поврзувајте вашиот таблет при 
вклучување/исклучување на вашиот компјутер.
Бидете сигурни дека вашиот таблет е исклучен од компјутерот при
вклучување и исклучување на вашиот компјутер, бидејќи може да доведе до
компјутерски грешки.