LG V480 User Guide

Page of 582
10
•  Уредот држете го подалеку од електрични уреди како на пр. телевизори, 
радиоприемници и компјутери.
•  Уредот држете го подалеку од извори на топлина како што се радијаторите 
и шпоретите.
•  Не дозволувајте да ви падне телефонот.
•  Немојте да го изложувате уредот на механички вибрации или потреси.
•  Исклучете го уредот во која било област каде што тоа се бара според 
посебни прописи. На пример, не користете го вашиот уред во болници, 
бидејќи може да влијае на чувствителната медицинска опрема.
•  Не ракувајте со уредот со мокри раце додека се полни. Тоа може да 
предизвика струен удар и може сериозно да го оштети Вашиот уред.
•  Не го полнете уредот во близина на запаллив материјал бидејќи уредот 
може да се загрее и да создаде опасност од пожар.
•  Користете сува ткаенина за чистење на надворешноста на уредот (немојте 
да користите растворувачи како бензол, разредувач или алкохол).
•  Не го полнете таблетот кога е на мек мебел.
•  Уредот треба да се полни во добро проветрен простор.
•  Немојте да го изложувате уредот на прекумерни количества дим или прав.
•  Не го чувајте уредот близу до кредитни картички или превозни билети; 
може да влијае на информациите на магнетните ленти.
•  Не го допирајте екранот со остар предмет бидејќи може да го оштети 
таблетот.
•  Не го изложувајте уредот на течности и влага.
•  Дополнителната опрема како слушалките користете ја претпазливо. 
•  Немојте да користете, допирате или да се обидувате да отстраните или 
поправите скршено, оштетено или пукнато стакло. Оштетувањето на 
стаклото не екранот заради груба или неправилна употреба не е покриено 
со гаранцијата.