LG V480 User Guide

Page of 582
11
•  Вашиот таблет е електронски уред кој генерира топлина за време на 
нормална работа. Екстремно долгиот директен допир со кожата во отсуство 
на соодветна вентилација може да резултира со непријатно чувство и 
помали изгореници. Затоа, внимавајте при ракувањето со вашиот уред за 
време или веднаш по неговото работење.
•  Ако вашиот уред се навлажни, веднаш исклучете го за да се исуши целосно. 
Не обидувајте се да го забрзате процесот на сушење со надворешен извор 
на топлина, како печка, микробранова печка или фен за коса.
•  Течноста од навлажнетиот уред ја менува бојата на етикетата на производот 
во вашиот уред. Оштетувањето на уредот како резултат на изложување на 
течност не е опфатено со гаранцијата.
•  Користете го вашиот таблет на температури помеѓу 0 °C и 40 °C, ако е тоа 
можно. Изложувањето на вашиот уред на екстремно ниски или високи 
температури може да резултира во оштетување, дефект, па дури и 
експлозија.
Ефикасно работење на уредот
Електронски уреди
Сите таблет уреди може да добијат пречки, кои би можеле да влијаат на 
перформансите.
•  Не користете го вашиот таблет уред во близина на медицинска опрема без 
да побарате дозвола. Избегнувајте да го ставате таблетот над пејсмејкери, на 
пример, во џебот на градите.
•  Некои слушни помагала може да бидат нарушени од таблет уредот.
•  Помали пречки може да се јават кај телевизорите, радиоприемниците, 
компјутерите, итн.