LG LGW105E User Manual

Page of 192
19
Внесување на бројот на старателот
Посетете ја Google Play Store за да ја преземете и инсталирате апликацијата KizON
Регистрирајте го овој производ на апликацијата за да го внесете бројот на старателот.
Внесување на бројот на гостинот 
Регистрирајте го овој производ на апликацијата KizON и одете во 'Поставки > 
Дозволени контакти' за да го регистрирате бројот на гостинот.
Забелешка:
Ве молиме зачувајте го кодот за регистрација кој сте го добиле при започнувањето. Тој 
ќе ви биде потребен при поставување на контактите.
Уредот на кој сакате да ја поврзете апликацијата KizON треба да користи Android 
OS 4.1 или понова верзија.
Можете да регистрирате до двајца старатели за секој KizON производ. На првиот и 
вториот старател им се даваат посебни привилегии за користење во апликацијата 
KizON.
Старателот може да регистрира до пет корисници на KizON. 
Гости се луѓе кои не се регистрирани како прв или втор старател.
Старателот може да регистрира до четири гости. 
- Старателите може да започнуваат и да примаат повици од корисниците на KizON.
- Гостите можат само да започнуваат повици кон корисниците на KizON.
Старателите може да управуваат со повиците, да пребаруваат локации, да ја 
прегледуваат историјата на локации и поставките на KizON.
Производот користи информации за локацијата и потребно е да се согласите на 
условите за користење пред да може да ја користите оваа функција.
Доколку напојувањето на батеријата на производот достигне статус на слаба 
наполнетост на батеријата од 20% или помалку, до старателите ќе биде испратена 
локацијата на производот, како и порака за слаба батерија и за потреба од полнење.
Воспоставување на врска | Апликација KizON