LG LGW105E User Manual

Page of 192
20
1  
Притиснете го копчето за напојување/повик еднаш и KizON ќе репродуцира ѕвон кој 
укажува дека уредот е вклучен. 
2  
Можете да го проверите преостанатото ниво на батерија со брзо и двојно 
притиснување на копчето за напојување/повик кога производот не се полни. Статусот 
на преостанатата батерија ќе се слушне на KizON уредот.
3  
Доколку првиот старател на својот smartphone уред има овозможено говорна пошта, 
тогаш корисникот на KizON ќе може да остави порака доколку говорната пошта 
автоматски се префрлува во режим на снимање, но корисникот не може да остави 
говорна порака преку производот KizON ако од корисникот се бара да притисне кое 
било копче за снимање на говорна порака.
4  
Доколку првиот старател нема овозможено говорна пошта ниту пак пренасочување 
на повици, тогаш повикот на корисникот на KizON автоматски ќе биде пренасочен кон 
вториот регистриран старател.
5  
Доколку првиот старател ја има поставено опцијата ‘Одбиј повици’ во апликацијата 
KizON, тогаш повикот на корисникот на KizON автоматски ќе биде пренасочен кон 
вториот регистриран старател. 
6  
За да завршите повик на KizON уредот кој е започнат од корисникот, притиснете и 
задржете го копчето за напојување/повик во траење од 1 секунда.
Забелешка:
Корисникот на KizON не може да повикува кој било број освен 2-та регистрирани 
броеви на старателите. Корисникот може само да прима повици од гостите.
Доколку повикот на корисникот на KizON се поврзе на говорна пошта, тој може да 
остави порака и да го заврши повикот со притиснување на копчето за напојување/
повик во траење од 1 секунда. 
Може да се искористи селективен повик за да се повика Старателот 2. Притиснете и 
ослободете го копчето за напојување/повик, а веднаш потоа притиснете го копчето за 
напојување/повик во траење од повеќе од 1 секунда.
Откако KizON ќе започне повик кон првиот или вториот старател и доколку нема 
одговор од овој старател по 45 секунди, тогаш KizON ќе го прекине повикот и ќе се 
обиде да започне повик кон друг регистриран старател. Оваа функција работи кога 
двата старатели се регистрирани и кога и двајцата старатели ја имаат исклучено 
опцијата за одбивање на повици.
Повикување и прекинување на врската од страна на корисникот на производот