LG LGW105E User Manual

Page of 192
25
ЗАБЕЛЕШКА: 
Информациите се разменуваат преку SMS пораки. Затоа, доколку го додадете 
телефонскиот број на корисникот или зборови како KizON на вашата спам листа, 
производот може да не функционира. 
При интеракцијата со KizON ќе добиете a порака на пр. кога пребарувате локација. 
Ова е вообичаено и содржи шифрирани податоци. Треба да ги игнорирате овие 
текстуални пораки, но не го додавајте телефонскиот број на корисникот, ниту зборови 
како KizON на вашата спам листа, затоа што производот може да не функционира. Кога 
користите LG G3 или LG G3s како уред на старателот нема да добиете SMS порака.
1. Започнување на повици
Притиснете 
 Повик во апликацијата KizON за да го повикате корисникот. 
За да примите повик, притиснете го копчето за напојување/повик на KizON уредот.
ЗАБЕЛЕШКА: Повикот автоматски се прима по 10 секунди, дури и ако корисникот не го 
притисне копчето за напојување.
ЗАБЕЛЕШКА: 
Доколку старателот го прекине повикот, повикот со корисникот на производот KizON 
завршува. 
Корисникот на производот KizON не може да го заврши примениот повик.