LG LGW105E User Manual
26
2. Проверка на локацијата
Притиснете
Пребарување во апликацијата KizON за да се прикаже тековната локација
на корисникот.
ЗАБЕЛЕШКА:
•
Старателот може да ја провери локацијата на корисникот преку GPS и Wi-Fi. Затоа,
кога корисникот се наоѓа на место каде што не се достапно GPS или Wi-Fi, корисникот
не може да биде лоциран на апликацијата KizON на старателот.
•
Wi-Fi на овој производ е само приемен. (Преносот не е достапен)
•
Кога старателот ќе изврши Проверка на локација, производот емитува звук кој
укажува дека старателот се обидел да го лоцира корисникот.
•
Проверката на локацијата на производот KizON преку GPS може да не биде успешна
во зависност од опкружувањето. Во таков случај, KizON ќе се обиде да го лоцира
корисникот преку друг метод наместо GPS. Во одредени случаи, може да се појави
грешка во лоцирањето до неколку километри.
•
Информациите за локацијата се овозможени како резултат на проверката на
информациите од GPS преку Google. Затоа, може да се појави грешка во лоцирањето
во рамките на одреден опсег. Покрај тоа, доколку корисникот е во затворена
просторија, лоцирањето може да биде непрецизно, па дури и недостапно.