LG LGW105E User Manual

Page of 192
34
Завршување на повик
Доколку корисникот започнал повик кон старателот, старателот може да го заврши 
повикот со кратко притиснување на копчето за напојување/повик. 
ЗАБЕЛЕШКА: 
Корисникот не може да завршува повици кои се започнати од старателите или 
гостите.
Корисникот може да го прекине повикот од корисникот со притиснување на копчето 
за напојување/повик.
Доколку првиот старател не сака да одговори на повикот или го пренасочил повикот 
кон говорната пошта, нема да се оствари повик кон вториот старател.
Корисникот може да прима повици од гостите. Сепак, корисникот не може да 
започнува повици кон гостите.
Откако повикот кој е започнат кон старателот ќе се пренасочи кон говорната пошта, 
корисникот може да остави говорна порака преку производот KizON доколку 
говорната пошта автоматски се префрлува во режим на снимање, но корисникот не 
може да остави говорна порака преку производот KizON ако од корисникот се бара 
да притисне кое било копче за снимање на говорна порака.
На KizON производот, не можете да остварувате итни повици.
Користење на Хардверско ресетирање (Фабричко 
ресетирање)
За да го вратите KizON уредот во првобитната состојба, искористете хардверско 
ресетирање (фабричко ресетирање) за да го иницијализирате.
1  
Вклучете го KizON уредот.
2  
Поврзете го KizON уредот со вашиот компјутер користејќи USB податочен кабел.
3  
Континуирано притиснете го копчето за напојување/повик пет пати.
4  
Ќе слушнете неколку звучни сигнали, притиснете го копчето за напојување/повик 
еднаш за време на овие звучни сигнали.
5  
KizON уредот ќе трепка во црвена, портокалова и жолта боја за време на фабричкото 
ресетирање.