LG LGW105E User Manual

Page of 192
36
Доколку ги имате следните 
проблеми...
Обидете се со следните решенија.
Доколку KizON уредот не сака да 
се вклучи...
Батеријата може да е празна. Наполнете го KizON 
уредот доволно. Потоа, обидете се да го вклучите 
KizON уредот.
Доколку KizON уредот не реагира 
на барањето на старателот...
Проверете дали е вклучен KizON уредот.
Проверете дали KizON уредот се наоѓа во област 
во која не е достапна услугата или област со 
ограничена услуга. Исто така, проверете дали 
вашата мрежа е во нормална состојба.
Проверете дали бараниот број е регистриран 
како телефонскиот број на старателот на детето.
Проверете дали бараната порака е само за 
KizON.
Доколку KizON уредот често 
запира со работата или му се 
случуваат критични грешки во 
користењето...
Исклучете го KizON уредот со притиснување 
и задржување на копчето за напојување/
повик во траење од повеќе од осум секунди. 
Потоа, повторно вклучете го KizON уредот со 
притиснување и задржување на копчето за 
напојување/повик во траење од повеќе од две 
секунди.
Доколку KizON уредот не може да 
прима/започнува повици...
Проверете дали KizON уредот и мобилниот уред 
се меѓусебно поврзани.
Проверете дали мобилниот уред е поврзан на 
правилната мрежа.
Проверете дали мобилниот уред го блокирал 
бројот за започнување повици.
Проверете дали мобилниот уред го блокирал 
бројот за примање повици.
Доколку другата страна не може 
да го чуе мојот глас за време на 
повик...
Проверете дали микрофонот е покриен. исто така, 
зборувајте близу до микрофонот.
Едноставни решенија за повеќето проблеми