LG LG G Pad User Guide

Page of 560
54
Работа со фолдери на сметка
Отворете ја E-mail апликацијата и допрете го Мени копчето
и одберете
Фолдери. Секоја сметка има фолдер за Влезно сандаче, Излезно сандаче,
Пратени и Нацрт. Во зависност од функциите кои ги поддржува обезбедувачот
на услуги на вашата сметка, може да имате дополнителни фолдери.
Составување и испраќање e-mail пораки
За да составите и испратите порака:
Додека сте во E-mail апликацијата, допрете Пишување 
.
Внесете адреса на примателот на пораката. Додека внесувате текст, се
прикажуваат понудените адреси кои се совпаѓаат од вашите контакти. Ако
има повеќе адреси, разделете ги со точка-запирка.
Допрете го Мени копчето
за да додадете Cc/Bcc и допрете Прикачи 
за да прикачите датотеки, ако е потребно.
Внесете ја темата на пораката
Допрете Испрати
за испраќање на пораката.
Ако не сте поврзани со мрежа, на пр., ако работите во режим на авион,
пораките кои ќе ги испратите ќе бидат зачувани во фолдерот на Излезното
сандаче додека повторно не се поврзете со мрежа. Ако постојат пораки кои
чекаат да бидат испратени, Излезното сандаче се прикажува на екранот
Сметки.
СОВЕТ! Кога ќе пристигне нова e-mail порака во Влезното сандаче, ќе
бидете известени со звук или вибрирање. За да прекинете со добивање на
известувања, допрете на e-mail известувањето.