LG LG G Pad User Guide

Page of 560
56
ЗАБЕЛЕШКА: Пред снимањето слики ве молиме проверете дали
објективот е чист.
Користење на напредните поставки
Во визирот, допрете
за да ги отворите напредните опции. Поставките за
фотоапаратот можете да ги промените со движење низ листата. По изборот на
опцијата, допрете го копчето Назад
.
Фотографирајте со гласовна команда.
Со ова се одредува и контролира количеството на сончева светлина
кое навлегува во фотографијата.
Фокусирање во одредена точка.
Избирање резолуција на фотографијата. Ако изберете висока
резолуција, големината на фајлот ќе се зголеми, што значи дека во
меморијата ќе можете да зачувате помалку фотографии.
ISO вредноста ја определува чувствителноста на светлинскиот
сензор на фотоапаратот. Колку е повисока ISO вредноста, толку
почувствителен ќе биде фотоапаратот. Ова е корисно за темни сцени
кога не може да се користи блиц.
Го подобрува квалитетот на бојата при различни услови на
осветлување.
Применува уметнички ефекти врз сликите.
Се поставува доцнењето по притиснувањето на копчето за снимање.
Ова е идеално доколку и самите сакате да бидете присутни на
фотографијата.