LG G Pad 8.3 - LG V500 User Guide

Page of 560
14
Подрачја на можни експлозии
•  Не го користете таблетот на место каде полните гориво.
•  Не употребувајте го во близина на горива и хемиски средства.
•  Не транспортирајте и не складирајте запаливи гасови, течност или
експлозиви во истиот оддел на вашето возило каде се твојот таблет уред
или додатоци.
Во авион
Безжичните уреди може да предизвикаат пречки во авион.
•  Исклучете го вашиот таблет пред да влезете во авион.
•  Немојте да го користите додека авионот е на земја без дозвола од екипажот
на авионот.
Деца
Чувајте го уредот на безбедно место, подалеку од дофат на мали деца. Тој
содржи мали делчиња кои доколку се одвојат може да предизвикаат опасност
од задушување. Овој уред сoдржи внатрешна батерија која исто така може да
биде опасна доколку уредот не се користи или одржува правилно.
Информации и грижа за батеријата
•  Не морате целосно да ја испразните батеријата пред да ја ставите повторно
да се полни. За разлика од други системи на батерии, не постои мемориски
ефект кој може да влијае на перформансите на батеријата.
•  Употребувајте само LG батерии и полначи. LG полначите се дизајнирани да
го максимизираат работниот век на батеријата.