LG G Pad 8.3 - LG V500 User Guide

Page of 560
15
•  Не расклопувајте ја батеријата и внимавајте да не направите краток спој.
•  Дополнете ја батеријата доколку подолго време не била користена, за да се
продолжи векот на траење.
•  Не изложувајте го полначот на батеријата на директна сончева светлина и
не користете го во висока влажност, како што е на пример бањата.
Не оставајте го уредот на топли и ладни места, бидејќи тоа може да го влоши
перформансот на батеријата.
•  Постои опасност од експлозија доколку батеријата е заменета со
несоодветен тип.
•  Отстранете ги истрошените батерии во согласност со упатството од
производителот. Ве молиме извршете рециклирање кога е можно. Не
отстранувајте ги заедно со отпадот од домаќинствата.
•  Доколку треба да ја замените батеријата, за да добиете помош однесете ја
кај најблискиот овластен сервис или продавач на LG Electronics.
•  Секогаш исклучете го полначот од штекерот за струја откако таблетот е
целосно наполнет за да се зачува непотребна потрошувачка на енергија од
полначот.
•  Реалното траење на батеријата зависи од конфигурацијата на мрежата,
поставките на производот, начинот на користење, како и состојбата на
батеријата и околината.
•  Внимавајте никакви остри предмети како на пр. заби од животни или нокти
да не дојдат во контакт со батеријата. Ова може да предизвика пожар.