LG G Pad 8.0 4G - LG V490 User Guide

Page of 614
72
Снимање на фотографија
Отворете ја апликацијата Фотоапарат.
Насочете го објективот кон објектот што сакате да го фотографирате.
Допрете   за снимање на фотографијата. Исто така, можете да снимите 
фотографија со допир на кое било место на екранот преку режимот Чист 
приказ.
Да зумирате или одзумирате
Кога фотографирате или снимате видео, ставете два прста било каде на 
екранот и ширете ги за да зумирате. За да одзумирате споете ги. 
Gesture shot
Функцијата Фотографирање со потег ви овозможува да снимите слика со 
потег на раката користејќи ја предната камера. За да снимите фотографија, 
подигнете ја раката, со отворена дланка, се додека предната камера не ја 
препознае и не се појави рамка на екранот. Потоа, затворете ја раката во 
тупаница и ќе се активира тајмер, кој ќе ви даде време за да се подготвите.