LG G Pad 8.0 4G - LG V490 User Guide

Page of 614
74
Копирај – Допрете за копирање на избраната фотографија и зчувување во 
друг албум.
Копирај во Фиока – Допрете за да ја копирате фотографијата и да ја зачувате 
во клип фиоката.
Слајдшоу – Автоматско прикажување на сликите од тековниот фолдер една 
по друга.
Ротирај налево/надесно – Допрете за да ја ротирате сликата налево или 
надесно.
Отсекување – Отсекување на фотографијата. Движете го прстот низ екранот 
за да изберете област која сакате да биде отсечена.
Додај локација – За додавање на информации за локацијата.
Преименувај – Допрете за да го уредите името на избраната фотографија.
Печати – Ви овозможува да ја испечатите фотографијата.
Детали – Прикажува повеќе информации за фотографијата.
Прегледување на зачуваните фотографии
Во режимот за фотоапарат можете да им пристапите на зачуваните 
фотографии. Едноставно допрете го прегледот на фотографијата до копчето 
за фотографирање и ќе се прикаже вашата галерија.
Одберете ја апликацијата која ќе ја користите за преглед и/или уредување 
на вашите фотографии. Допрете Галерија 
 или Photos
.
Допрете OK.
•  За да погледнете повеќе фотографии, придвижете се налево или 
надесно.
•  За зголемување или намалување на зумот, допрете двапати на екранот 
или ставете два прста на него и раширете ги (за намалување доближете 
ги прстите).