LG V935 User Guide

Page of 509
10
11
Напатствија за безбедно и ефикасно користење
Информации и грижа за батеријата
• Не морате целосно да ја испразните батеријата пред да ја ставите 
повторно да се полни. За разлика од други системи на батерии, не 
постои мемориски ефект кој може да влијае на перформансите на 
батеријата.
• Употребувајте само LG батерии и полначи. LG полначите се 
дизајнирани да го максимизираат работниот век на батеријата.
• Не расклопувајте ја батеријата и внимавајте да не направите 
краток спој.
• Дополнете ја батеријата доколку подолго време не била 
користена, за да се продолжи векот на траење.
• Не изложувајте го полначот на батеријата на директна сончева 
светлина и не користете го во висока влажност, како што е на 
пример бањата.
• Не оставајте го уредот на топли и ладни места, бидејќи тоа може да 
го влоши перформансот на батеријата.
• Постои опасност од експлозија доколку батеријата е заменета со 
несоодветен тип.
• Отстранете ги истрошените батерии во согласност со упатството 
од производителот. Ве молиме извршете рециклирање кога е 
можно. Не отстранувајте ги заедно со отпадот од домаќинствата.
• Секогаш исклучете го полначот од штекерот за струја откако 
таблетот е целосно наполнет за да се зачува непотребна 
потрошувачка на енергија од полначот.
• Реалното траење на батеријата зависи од конфигурацијата на 
мрежата, поставките на производот, начинот на користење, како и 
состојбата на батеријата и околината.