LG V935 User Guide

Page of 509
12
Напатствија за безбедно и ефикасно користење
• Внимавајте никакви остри предмети како на пр. заби од животни 
или нокти да не дојдат во контакт со батеријата. Ова може да 
предизвика пожар.
 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Известување за промена на батеријата
•  Литиум-јонската батерија е опасна компонента која може да предизвика 
повредување. 
•  Менувањето на батеријата од страна на неквалификувани лица може да 
доведе до оштетување на вашиот уред.
•  Не ги отстранувајте батериите сами. Батеријата може да биде оштетена, 
што може да предизвика прегрејување и повреда. Батеријата мора да биде 
заменета од страна на овластен сервисер. Батеријата треба да се рециклира 
или да се отстрани одделно од отпадот од домаќинствата.
•  Доколку производот содржи батерија што е вградена во производот и што не 
можат крајните корисници да ја отстранат, LG препорачува батеријата да ја 
отстранат само квалификувани професионални лица, било да е за менување 
или за рециклирање по истекот на животниот век на производот. За да 
спречат оштетување на производот и поради нивна сопствена безбедност, 
корисниците не треба да се обидуваат да ја отстрануваат батеријата и треба 
да ја контактираат линијата за помош при услуги на LG или други независни 
испорачувачи на услуги.
•  Отстранувањето на батеријата значи и расклопување на куќиштето на 
производот, исклучување на електричните кабли/контакти и внимателно 
вадење на батеријата со специјализиран алат. Доколку ви се потребни 
инструкциите за квалификувани професионални лица за тоа како да ја 
отстраните батеријата безбедно, посетете ја веб-страницата http://www.lge.
com/global/sustainability/environment/take-back-recycling