LG LGH736 User Guide

Page of 535
78
Поставки
 
Мобилен податочен – Штиклирајте за да овозможите податочен 
пристап преку мобилна мрежа. 
 
SIM картичка за користење – Можете да ја промените зададената 
податочна мрежа. Сите мобилни пакетни услуги (веб, MMS, E-mail 
итн.) ќе ја користат SIM картичката која е избрана за оваа поставка. 
Кога е вметната само една SIM картичка, зададената податочна 
мрежа се поставува според вметнатата SIM картичка и не е 
дозволено менување. 
 
Пренос на податоци при roaming – Штиклирајте за да 
овозможите користење на податочна врска кога користите 
роаминг надвор од областа на вашата домашна мрежа.
Wi-Fi
Вклучување на Wi-Fi за поврзување со достапните Wi-Fi мрежи.
Bluetooth
Вклучување или исклучување на безжичната Bluetooth функција 
заради користење на Bluetooth.
Мобилен податочен
Приказ на користењето на податоци и ограничувањето за 
користењето на податоци.
Поставки за повици
Ова мени ви овозможува да конфигурирате разни поставки за 
повиците.
[Картичка SIM картичка 1/SIM картичка 2]
 
Говорна пошта – Ви овозможува да ја изберете услугата на 
говорна пошта на вашиот оператор.
 
Броеви за фиксно бирање – Ви овозможува да управувате и 
составувате листа на броеви кои можат да бидат повикани од вашиот 
телефон. Ќе ви биде потребен PIN2 кодот, кој ќе го добиете од вашиот 
оператор. По активирањето, од вашиот телефон ќе можат да се 
бираат само броевите од фиксната листа за бирање.