LG LGH736 User Guide

Page of 535
80
Поставки
 
Копчето за вкл/иск исклучува повик – Ви овозможува да го 
користите копчето за напојување за да завршувате повици.
 
Дојдовен повик на чекање – Штиклирајте за да овозможите со 
превртување на уредот да се исклучи звукот за дојдовни повици.
< ПОВРЗЛИВОСТ >
Сподели и поврзи
 
NFC – Вашиот телефон е мобилен телефон со NFC можности. NFC 
(Near Field Communication) е технологија за безжично поврзување 
која овозможува двонасочна комуникација помеѓу електронски 
уреди. Таа функционира на растојание од неколку сантиметри. 
Можете да ги споделувате вашите содржини со NFC ознака или 
друг уред со NFC поддршка преку обично допирање со вашиот 
уред. Ако допрете NFC ознака со вашиот уред, на екранот ќе се 
прикаже содржината на ознаката.
 
Android Beam – Кога е вклучена оваа функција, ќе можете 
да пренесувате апликациски содржини кон друг уред со NFC 
можности преку меѓусебно приближување на уредите. Едноставно 
доближете ги уредите еден до друг (обично со задните страни) и 
потоа допрете го вашиот екран. Апликацијата ќе одреди што ќе 
биде проследувано.
 
SmartShare Beam – Ви овозможува да добивате мултимедиумска 
содржина од LG телефони и таблети.
 
Медиумски сервер – Споделувајте медиумски содржини со 
уредите во близина преку DLNA.
 
LG Bridge – Ви овозможува да се поврзете на компјутер за да го 
управувате вашиот телефон.
 
Печатење – Ви овозможува да ги печатите содржините на 
одредени екрани (како што се веб-страници прикажани во 
Chrome) на печатач поврзан на истата Wi-Fi мрежа како и вашиот 
Android уред.