LG LG G3 (D855) Burgundy Red User Guide

Page of 653
96
Дојдовен повик на чекање – Штиклирајте за да овозможите со 
превртување на уредот да се исклучи звукот за дојдовните повици.
Забрана за повик – Заклучување на влезни, излезни или меѓународни 
повици.
Траење на повикот – Погледнете го траењето на повиците вклучувајќи ги 
Последен повикИзлезни повициВлезни повици и Сите повици.
Дополнителни поставки – Ви овозможува да ги промените следниве 
прилагодувања: 
ID на повикувач: Изберете дали вашиот број ќе се прикажува при 
излезен повик.
Повик на чекање: Ако е активирана опцијата за повик на 
чекање, телефонот ќе ве предупреди за дојдовниот повик додека 
разговарате (во зависност од вашиот мрежен оператор).
< Сподели и поврзи >
NFC – Вашиот телефон е мобилен телефон со NFC можности. NFC (Near Field 
Communication) е технологија за безжично поврзување која овозможува 
двонасочна комуникација помеѓу електронски уреди. Таа функционира 
на растојание од неколку сантиметри. Можете да ги споделувате вашите 
содржини со NFC ознака или друг уред со NFC поддршка преку обично 
допирање со вашиот уред. Ако допрете NFC ознака со вашиот уред, на 
екранот ќе се прикаже содржината на ознаката.
За вклучување или исклучување на NFC: На почетниот екран, со 
прстот допрете и повлечете го панелот за известувања надолу, а 
потоа изберете ја иконата NFC за да извршите вклучување.
ЗАБЕЛЕШКА: Кога е активиран режимот на работа во авион, NFC 
апликацијата може да се користи.
Користење на NFC: За користење на NFC, водете сметка уредот да 
биде вклучен и активирајте NFC доколку е оневозможено.
Поставки