LG LG G3 (D855) Burgundy Red User Guide

Page of 653
97
Android Beam – Кога е вклучена оваа функција, ќе можете да проследувате 
содржини на апликација кон друг уред со NFC можности преку меѓусебно 
приближување на уредите. 
Едноставно доближете ги уредите еден до друг (типично со задните страни) 
и потоа допрете го вашиот екран. Апликацијата ќе одреди што ќе биде 
проследувано.
SmartShare Beam – Вклучете за примање на мултимедиумски содржини 
преку SmartShare Beam од LG телефони или таблети.
Медиумски сервер – Споделувајте медиумски содржини со уредите во 
близина преку DLNA.
Miracast – Безжично пресликувајте го екранот и звукот од телефонот на 
Miracast примопредавател или телевизор.
LG PC Suite – Поврзете LG PC Suite на вашиот телефон за лесно управување 
со мултимедиумските содржини и апликациите.
Печатење – Поставете безжичен печатач.
< Делење >
USB делење – Поврзете го USB кабелот за да ја споделите интернет врската 
со компјутерот.
Wi-Fi пристапно – Исто така, вашиот телефон можете да го користите за 
да овозможите мобилна широкопојасна врска. Креирајте “жешка точка” и 
споделете ја вашата врска. Погледнете во "Споделување на податочната 
врска од вашиот телефон" за повеќе информации. 
Bluetooth поврзување – Ви овозможува да поставувите дали преку 
телефонот ќе се споделува интернет врската или не.
Помош – Допрете за да погледнете информации за помош за Wi-Fi “жешка 
точка” и за функциите Bluetooth делење и USB делење.
< Повеќе >
Режим на работа во авион – По поставувањето на Режим на работа во 
авион, сите безжични комуникации ќе бидат оневозможени.