Panasonic SC-HTB690 Operating Guide

Page of 35
SQT0852
Безбедносни мерки
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Уред
• За да го намалите ризикот од пожар, 
електричен удар или оштетување на 
производот:
- Не го изложувајте уредот на дожд, влага, 
капки или прскање.
- Врз овој уред не поставувајте предмети 
полни со вода, како што се вазните.
- Користете ги само препорачаните додатоци.
- Не го отстранувајте капакот.
- Не го поправајте уредот на своја рака. 
Обратете се во овластен сервис.
• За да спречите повреда, овој уред мора да 
се постави цврсто на ѕид во согласност со 
инструкциите за инсталација.
Довод на струја
• За да го намалите ризикот од пожар, 
електричен удар или оштетување на 
производот:
- Уверете се дека за напојувањето 
соодветствува со напонот означен на оваа 
единица.
- Целосно вметнете го приклучокот во 
ѕидниот штекер.
- Не го влечете, виткате или ставајте тешки 
предмети на кабелот.
- Не ракувајте со приклучокот со влажни 
раце. 
- Држете го телото на главниот приклучок 
кога го исклучувате кабелот.
- Не користете главен приклучок или штекер 
кои се оштетени.
• Главниот приклучок е уред кој се исклучува. 
Инсталирате го овој уред така што 
приклучувањето ќе може веднаш да се 
исклучи од ѕидниот штекер.
Батерија (Литиумска батерија)
• Ризик од пожар, експлозија и изгореници. 
Не ја полнете, расклопувајте, загревајте на 
температура над 60 oC или горете.
• Чувајте ја батеријата вон дофат на деца. 
Никогаш не ја ставајте батеријата во уста. 
Ако се проголта јавете се кај вашиот лекар.
Мали предмети
• Чувајте ги завртките на места вон дофат на 
деца за да се спречи голтање.
• Држете ја батеријата вон дофат на деца за 
да се спречи голтање. Никогаш не ја ставајте 
батеријата во устата. Ако се проголта јавете 
се кај вашиот лекар.
ВНИМАВАЈТЕ
Единица
• Не ставајте извори на отворен оган, на 
пример свеќи врз овој уред.
• Овој уред за време на употребата може 
да покаже радио пречки предизвикани од 
мобилните телефони. Доколку се појават 
пречки, Ве молиме зголемете го растојанието 
помеѓу овој уред и мобилниот телефон.
• Овој уред е наменет за користење во 
умерена клима.
• Означувањете на идентификацијата на 
производот се наоѓа на дното на единицата.
Поставеност
• Поставете го овој уред на рамна површина.
• За да го намалите ризикот од пожар, 
електричен удар или оштетување на 
производот:
- Не ја инсталирате или поставувајте оваа 
единица во библиотека, вграден плакар или 
во друг затворен простор. Осигурајте се 
дека оваа единица е на добро проветрено 
место.
- Не ги блокирајте отворите за вентилација 
на оваа единица со весници, прекривки, 
завеси и слични предмети.
- Не го изложувајте уредот на директна 
сончева светлина, висока температура, 
висока влажност и вибрации.
Батерија (Литиумска батерија)
• Постои опасност од експлозија доколку 
батеријата е неправилно заменета. Заменете 
ја само со тип на батерии препорачани од 
производителот.
• Столбовите поставете ги исправени.
• Неправилната употреба на батериите може 
да предизвика истекување на електролити и 
да предизвика пожар.
- Отстранете ја батеријата ако немате 
намера да го користите далечинскиот 
управувач подолго време. Чувајте ги на 
ладно и темно место.
- Не ја загревајте батеријата или изложувајте 
на пламен.
- Не ја оставајте батеријата (и) во автомобил 
изложена на директна сончева светлина 
на подолго време со затворени врати и 
прозорци.
• При отстранување на батериите, Ве молиме 
контактирајте ги локалните власти или 
снабдувачот и прашајте за начинот на 
правилно отстранување.