LG K4-LGK120E-BK Guía Del Usuario

Descargar
Página de 462
Поставки
81
Копче за брз пристап
Добијте брз пристап до апликациите со притиснување на 
копчињата за јачина на звук кога екранот е исклучен или 
заклучен.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Копче за 
брз пристап.
Истовремено притиснете и задржете ги двете копчиња за 
јачина на звукот кога екранот е отклучен за да пристапите до 
Сними+.
Притиснете кое било од копчињата за јачина на звукот 
двапати кога екранот е заклучен или исклучен за активирање 
на апликацијата Фотоапарат.
Безбедност
Користете го ова мени за да конфигурирате на кој начин да се 
зголеми безбедноста на уредот и неговите податоци.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Безбедност.
Заклучена содржина – Изберете тип на заклучување за да 
заклучувате белешки за QuickMemo+.
Шифрирај телефон – Ви овозможува да ги шифрирате 
податоците на уредот за поголема сигурност. Ќе биде потребно 
да внесете PIN или лозинка за дешифрирање на уредот при 
секое негово вклучување.
Шифрирај меморија на SD картичка – Шифрирајте ги 
податоците на SD картичката и чувајте ги како недостапни за 
другите уреди.
Поставување заклучување на SIM картичка – Поставете 
заклучување на SIM картичката со PIN или извршете промена 
на PIN.
Пишувањето лозинка е видливо – Овозможете за 
прикажување на секој знак од лозинката додека внесувате, за 
да можете да видите што внесувате.