LG K4-LGK120E-BK Guía Del Usuario

Descargar
Página de 462
Поставки
83
SD КАРТИЧКА
Вкупно простор – Го прикажува вкупниот простор и 
преостанатиот достапен простор на мемориската картичка.
Воспостави/Оневозможи SD картичка – Ви дозволува да ја 
овозможите или оневозможите вашата SD картичка.
Избриши SD картичка – Ви овозможува да ги избришете сите 
податоци на вашата SD картичка.
Штедење на батерија и енергија
Ги прикажува моменталниот статус на батеријата вклучувајќи го 
процентот на преостанатата енергија и статусот на полнење.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Штедење на 
батерија и енергија.
Употреба на батерија – Го прикажува нивото на користење 
на батеријата и деталите за користењето. Допрете еден од 
елементите за да погледнете подетални информации.
Ниво на батеријата на статусната лента – Штиклирајте 
за приказ на процентот на наполнетост на батеријата, на 
статусната лента покрај иконата за батерија.
Заштеда на Eнергија – Допрете го преклопникот за заштеда 
на енергија за да го вклучите или исклучите. Поставување на 
процентот на наполнетост на батеријата при кој автоматски ќе 
се вклучи Заштеда на енергија.
Апликации
Ви овозможува да ги погледнете деталите за апликациите кои се 
инсталирани на вашиот уред, да управувате со нивните податоци и 
веднаш да ги сопрете. 
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Апликации.