Samsung RT38K5530S9 Manuel D’Utilisation

Page de 708
Операции
Македонски
34 
Операции
01 Замрзнувач (Брзо замрзнување)
Freezer 
(Замрзнувач)
Копчето 
Freezer (Замрзнувач) може да се користи за нагодување на температурата 
на замрзнувачот од -15 °C до -23 °C (стандардно: -19 °C).
Секој пат кога ќе го притиснете копчето, температурата се менува во овој редослед:
-23 °C  -15 °C  -17 °C  -19 °C  -21 °C  -23 °C
ОПОМЕНА
•  За да се спречи дефект на системот или расипување на храната не нагодувајте ја 
температурата на -15 °C во лето (над 35 °C).
•  Не складирајте стаклени шишиња коишто содржат течности во замрзнувачот. 
Стаклените шишиња ќе напукнат или ќе се скршат на парчиња кога течноста ќе 
замрзне.
Power Freeze 
(Засилено 
замрзнување)
Со Power Freeze (Засилено замрзнување) се забрзува процесот на замрзнување со 
максимална брзина на вентилаторот. Замрзнувачот продолжува да работи со полна 
брзина во траење од неколку часа и потоа се враќа на претходната температура.
•  За да го активирате Power Freeze (Засилено замрзнување), притиснете и задржете 
го 
Freezer (Замрзнувач) во траење од 3 секунди. Соодветниот показател ( ) ќе 
светне и фрижидерот ќе го забрза процесот на ладење.
•  За да го деактивирате, притиснете и задржете го 
Freezer (Замрзнувач) во траење 
од 3 секунди. Замрзнувачот се враќа на нагодувањето за претходна температура.
•  За да замрзнете големи количества на храна, активирајте го Power Freeze 
(Засилено замрснување) во траење од најмалку 20 часа пред да ставите храна во 
замрзнувачот.
•  Замрзнувачот продолжува да работи со полна брзина во траење од 50 часа и 
потоа се враќа на претходната температура.
ЗАБЕЛЕШКА
Со користење на Power Freeze (Засилено замрзнување) се зголемува потрошувачката 
на енергија. Погрижете се да ја исклучите оваа опција и да ја вратите претходната 
температура ако немате намера да ја користите.
Untitled-24   34
2016-03-21     12:28:58