Samsung RT38K5530S9 Manuel D’Utilisation

Page de 708
Македонски  35
Операции
02 Конвертирање на замрзнувач / Вклучи/Исклучи мраз (само одредени модели)
Freezer Convert 
(Конвертирање на 
замрзнувач)
Може да го користите целиот фрижидер со режимот Fridge (Фрижидер) или да го 
исклучите замрзнувачот. За да го измените стандардниот режим за замрзнување, 
притиснете и задржете го 
Freezer Convert (Конвертирање на замрзнувач) во траење 
од 3 секунди за да го внесете режимот за избирање. Потоа, притиснете на 
Freezer 
Convert (Конвертирање на замрзнувач), за да го изберете саканиот режим.
Режимот се менува во оваа секвенца: Fridge (Фрижидер)  Off (Исклучено)  Freezer 
(Замрзнувач)  Off (Исклучено)  Fridge (Фрижидер) режим на поставување.
•  Ако изберете Fridge (Фрижидер), индикаторот Fridge (Фрижидер) свети. Power 
Freeze (Засилено замрзнување) ќе биде деактивирано ако е активно, а Ice On 
(Активирај мраз) ќе се исклучи ако е активирано.
•  Ако изберете Off (Исклучи), показателот Off (Исклучи) свети. Замрзнувачот ќе се 
исклучи.
•  Ако го изберете режимот за нагодување Freezer (Замрзнувач), индикаторите 
за температурата на замрзнувачот се вклучуваат за избирање. Стандардната 
температура на замрзнувачот е -19 °C.
Промените ќе бидат нагодени и активирани по 10 секунди. За повторно да го 
откажете или да го промените режимот, притиснете и задржете го 
Freezer Convert 
(Конвертирање на замрзнувач) во траење од 3 секунди. Потоа, следете ги упаствата 
како што е споменато погоре.
ЗАБЕЛЕШКА
•  Ако го притиснете и задржите копчето 
Freezer Convert (Конвертирање на 
замрзнувач) 3 секунди кога фрижидерот е во режимот Freezer (Замрзнувач), тогаш 
фрижидерот ќе премине во режимот Fridge (Фрижидер) и ќе можете да изберете 
режим (режим за избирање).
•  Ако го притиснете и го задржите 
Freezer Convert (Конвертирање на замрзнувач) 
во траење од 3 секунди во други режими, фрижидерот поминува во режим за 
избирање во којшто може да притиснете на 
Freezer Convert (Конвертирање на 
замрзнувач) и да изберете различен режим.
•  Кога функциите за ладење во фрижидер или замрзнување се во режим Off 
(Исклучено), температурата на фрижидерот или замрзнувачот останува под 15 °C 
за да се спречи создавање мувла или непријатен мирис, при што потрошувачката 
на ел. енергија е мала.
•  Фрижидерот или замрзнувачот не може да се исклучат од штекер независно еден 
од друг.
•  Не чувајте храна или пијалаци во ладилникот кога функциите за ладење во 
фрижидер или замрзнување се во режимот Off (Исклучено). Температурата од 15 
°C не е доволно ниска за да се спречи расипување.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
•  Не складирајте стаклени шишиња коишто содржат течности во замрзнувачот. Кога го откажувате Freezer 
Convert (Конвертирање на замрзнувач), стаклените шишиња може да се скршат или да пукнат во 
замрзнувачот.
•  Погрижете се да ја отстраните замрзнатата храна од замрзнувачот пред да го активирате Freezer Convert 
(Конвертирање на замрзнувач). Смрзната храна се топи и се расипува како што се зголемува температурата 
(режимот Freezer (Замрзнувач) преминува во Fridge (Фрижидер)).
Untitled-24   35
2016-03-21     12:28:58