Samsung RF56J9041SR Manuel D’Utilisation

Page de 592
Македонски - 40
Oтстранување на проблеми
ПРОБЛЕМ
РЕШЕНИЕ
Фрижидерот не 
работи воопшто 
или не лади 
доволно.
•  Проверете дали приклучницата е правилно приклучена.
•  Проверете дали температурата поставена на дигиталниот екран е 
потопла од температурата во замрзнувачот или фрижидерот. 
Ако е, нагодете го замрзнувачот или фрижидерот на пониска 
температура.
•  Дали апаратот е изложен на директно сонце или на извор на 
топлина? 
Ако е, нема да може да лади доволно. 
Инсталирајте го на место коешто се наоѓа надвор од сончева 
светлина и не е во близина на извор на топлина.
•  Дали задниот дел на фрижидерот е премногу блиску до ѕидот, со 
што се спречува правилна вентилација? Ако е, нема да може да лади 
доволно. 
Држете го на соодветно растојание од ѕидот.
•  Дали има премногу храна внатре и таа го блокира отворот за 
вентилација? 
Не ставајте премногу храна во фрижидерот за да го одржувате на 
соодветна температура.
Храната во 
фрижидерот е 
замрзната.
•  Проверете дали температурата поставена на дигиталниот екран е 
премногу ниска. 
Ако е, покачете ја нагодената температура во фрижидерот.
•  Дали температурата во просторијата е премногу ниска? Поставете го 
фрижидерот на повисока температура.
•  Дали чувате храна со поголема содржина на вода во најстудениот 
дел од фрижидерот или во близина на отворот за вентилација? 
Обидете се да ги преместите овие предмети на други полици во 
фрижидерот, наместо да ги чувате во постудените подрачја и 
полички.
Се слушаат 
невообичаена 
бучава или звуци.
•  Проверете дали фрижидерот е нивелиран и стабилен.
•  Дали задниот дел на фрижидерот е премногу блиску до ѕидот, со 
што се спречува правилна вентилација?
•  Дали нешто е истурено зад или под фрижидерот?
•  Нормално е ако слушнете звук на отчукување во внатрешноста на 
фрижидерот. 
Настанува бидејќи различните делови се собираат или шират како 
резултат на промените во температурата во внатрешноста на 
фрижидерот.
•  Ако звучи како нешто да удира едно од друго во внатрешноста на 
фрижидерот, тоа е нормално. 
Тој звук се јавува при работата на компресорот со голема моќност.
Подрачјето на 
дихтунгот на 
вратата е жешко 
и се јавува 
кондензација.
•  Малку топлина е нормално, бидејќи во вертикално закачениот дел на 
фрижидерот се вградени уреди против кондензација.
•  Дали вратата на фрижидерот е подотворена? 
До кондензација може да дојде ако вратата ја оставите отворена 
подолго време.