Samsung RF56J9041SR Manuel D’Utilisation

Page de 592
Граници на собна температура
Овој фрижидер е направен да работи на собна температура, според неговата температурна класа, 
како што е наведено на типската плочка.
Класа
Симбол
Опсег на собна температура (°C)
IEC 62552 (ISO 15502)
ISO 8561 
Проширена умерена
SN
+10 до +32
+10 до +32
Умерена
N
+16 до +32
+16 до +32
Суптропска
ST
+16 до +38
+18 до +38
Тропска
T
+16 до +43
+18 до +43
На внатрешните температури може да влијаат фактори, како на пример, локацијата на 
фрижидерот, собната температура и колку често ја отворате вратата. 
Регулирајте ја температурата на потребното ниво за да надоместите за овие фактори.
Правилно депонирање на овој производ
(Отпадна електрична и електронска опрема) 
(Применливо во држави со посебни системи за справување со отпадот) 
Оваа  ознака  на  производот,  приборот  или  литературата  означува  дека  производот  и 
неговиот електронски прибор (на пр. полначот, слушалките, USB кабелот) не треба да 
се  отстрануваат  заедно  со  останатиот  отпад  од  домаќинството  на  крајот  од  нивниот 
работен  век.  За  избегнување  на  можна  штета  врз  околината  или  човечкото  здравје 
предизвикана  со  неконтролирано  фрлање  отпад,  Ве  молиме  да  ги  одвоите  овие 
предмети од другите видови отпад и одговорно да ги рециклирате заради унапредување 
на еколошки оправдано повторно користење на материјалните ресурси. 
Физичките  лица  можат  да  се  обратат  или  во  продавницата  каде  што  го  купиле  овој 
производ или во службите на локалната самоуправа, за детали каде и како да извршат 
рециклирање на производот на начин безбеден по околината. 
Деловните  корисници  можат  да  се  обратат  до  својот  снабдувач  и  да  ги  проверат 
одредбите и условите во договорот за набавка. Овој производ и неговиот електронски 
прибор не треба да се мешаат со друг комерцијален отпад.