Samsung RS51K54F02C, Side by Side, technologia Twin Cooling, 510 l Manuel D’Utilisation

Page de 852
Безбедносни информации
Македонски
6 
Безбедносни информации
Сериозни предупредувачки симболи за транспорт и локација
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
•  Кога го транспортирате и инсталирате апаратот треба да внимавате да не се 
оштетат деловите од колото за ладење.
 - Разладното средство што протекува од цевководот може да се запали или да 
предизвика повреда на очите. Ако се открие истекување, избегнувајте отворен 
пламен или потенцијални извори на палење и проветрете ја неколку минути 
просторијата во којашто се наоѓа апаратот.
 - Уредот содржи мало количество на разладно средство изобутан (R-600a), 
природен гас со висока еколошка компатибилност, но многу запалив. Кога го 
транспортирате и инсталирате апаратот треба да внимавате да не се оштетат 
деловите од колото за ладење.
•  Кога го транспортирате и инсталирате фрижидерот, немојте да го допирате 
цревото за вода на задната страна од фрижидерот.
 - Ова може да го оштети фрижидерот, а како последица на тоа, нема да може 
да се користи диспензерот за вода.
Критични знаци на предупредување при инсталација
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
•  Не инсталирајте го фрижидерот на влажно место или на место каде што може да 
дојде во контакт со вода.
 - Оштетената изолација на деловите на електричната инсталација може да 
предизвика струен удар или пожар.
•  Не ставајте го фрижидерот на директна сончева светлина и не изложувајте го на 
топлина од печки, греалки и други апарати.
Untitled-42   6
2016-08-30     5:28:23