Samsung RS51K54F02C, Side by Side, technologia Twin Cooling, 510 l Manuel D’Utilisation

Page de 852
Македонски 7 
Безбедносни информации
•  Не вклучувајте неколку апарати на истиот кабел со повеќе приклучоци. 
Фрижидерот секогаш треба да е вклучен во посебен електричен приклучок со 
напон еднаков на напонот на типската плочка на фрижидерот.
 - На ваков начин се добиваат најдобри перформанси, а се спречува и 
преоптоварување на куќната инсталација, што може да доведе до опасност од 
пожар поради прегреани жици.
•  Ако ѕидниот приклучок е лабав, не вклучувајте ја приклучницата.
 - Постои опасност од струен удар или пожар.
•  Не употребувајте кабел којшто е напукнат или изабен по должината или на 
краевите.
•  Не виткајте го премногу струјниот кабел и не ставајте тешки предмети врз него.
•  Не влечете го струјниот кабел и не виткајте го премногу.
•  Не вртете го и не врзувајте го струјниот кабел.
•  Не закачувајте го струјниот кабел преку метален предмет, не ставајте тешки 
предмети врз него, не вметнувајте го помеѓу предмети и не туркајте го во 
просторот зад уредот.
•  Кога го поместувате фрижидерот, внимавајте да не поминувате преку кабелот и 
да не го оштетите.
 - Тоа може да доведе до струен удар или пожар.
•  Никогаш не исклучувајте го фрижидерот со влечење на струјниот кабел. Секогаш 
добро земете ја приклучницата и извлечете ја од приклучокот.
 - Со оштетувањето на кабелот може да дојде до краток спој, пожар и/или струен 
удар.
•  Немојте да користите аеросоли во близина на фрижидерот.
 - Користењето на аеросоли во близина на фрижидерот може да предизвика 
експлозија или пожар.
•  Не инсталирајте го овој уред во близина на греалка или незапалив материјал.
•  Не инсталирајте го уредот на локација на којашто може да дојде до протекување 
на гас.
 - Тоа може да доведе до струен удар или пожар.
Untitled-42   7
2016-08-30     5:28:23