Samsung AR18FSFPDGMNEU Manuel D’Utilisation
4
Безбедносни мерки
Не го инсталирајте овој апарат близу до греалка, запалив материјал.
Не го инсталирајте овој апарат на влажно, мрсно или прашливо место,
на место директно изложено на сончевата светлина и вода (капки
од дожд). Не инсталирајте го овој апарат на место каде што може да
протече гас.
На тој начин може да дојде до електричен удар или пожар.
Никогаш не инсталирајте излезна единица на место како што е висок
надворешен ѕид каде што може да падне.
Доколку излезната единица падне, може да дојде до повреда, смрт
или оштета на имот.
Доколку се користи повеќенаменски систем, AJ*** излезната единица
може да се поврзе со европските производи меѓу кои е серијата AR**FSFP*.
Овој апарат мора да биде соодветно заземјен. Не го заземјувајте
Овој апарат мора да биде соодветно заземјен. Не го заземјувајте
апаратот на цевка за гас, пластична цевка за вода или телефонска
линија.
Во спротивно, може да дојде до струен удар, пожар или експлозија.
Уверете се дека користите прилучок што е заземјен.
ЗА ИНСТАЛАЦИЈА
ВНИМАНИЕ
Инсталирајте го апаратот на рамен и тврд под кој што ќе може да ја
издржи неговата тежина.
Во спротивно, може да дојде до абнормални вибрации, врева или
проблеми со производот.
Инсталирајте го цревото за истекување на тој начин што водата ќе
истекува правилно.
Во спротивно, може да дојде до прекумерно истекување на вода и
оштетување на имот.
Кога ја инсталирате излезната единица, задолжително поврзете го
цревото за истекување така што истекувањето ќе се врши правилно.
Насоберената вода за време на греењето од страна на излезната
единица може прекумерно да истече и на тој начин да придонесе за
оштета на имот.
Повообичаено во зима, доколку падне блок од лед може да дојде до
повреда, смрт или оштета на имот.
Maldives EU_AR09FSFP@_IB_DB68-03365A_MK.indd 4
2013-5-28 16:35:03