Panasonic NA107VC4 Guida Al Funzionamento

Pagina di 40
10 - Прочитајте пред употреба
Забелешка
Додавање детергент и други хемикалии
Добро поставете ја табелата со нивоа 
(вклучена во додатоците) за течен 
детергент во одделот за детергент и 
користете ја како што е означено. 
Отстранете ја табелата со нивоа пред 
стартување на програмата.
Оставањето на табелата со нивоа за 
течен детергент во фиоката за 
детергент додека програмата е во тек 
може да резултира со протекување на 
вода, намален квалитет на перењето и 
извршувањето на центрифугата.
За програмата Wool (Волна), користете 
нежен течен детергент.
2. Детергент во прав
Детергентот доаѓа до барабанот само кога 
водата се испушта низ фиоката за 
детергент. Така, ако заборавите да 
додадете детергент, активирајте ја 
програмата Drain (Исцедување).
Потоа додадете го детергентот и 
стартувајте го перењето повторно.
За да спречите детергент во прав да 
остане во фиоката, изведете го следното:
-  Исушете ја внатрешноста на фиоката 
со крпа.
-  Осигурајте се дека детергентот не е во 
грутки кога го додавате, бидејќи ова 
повремено може да предизвика 
блокирање.
Количество детергент
Количеството детергент што треба да го 
употребите зависи од следните фактори:
-  Колку е валкана облеката;
-  Количеството облека;
-  Тврдоста на водата.
Количеството пена варира според 
количеството и типот детергент, колку е 
ваклана облеката, тврдоста и 
температурата на водата.
Средство за омекнување на вода
Ако живеете во област со тврда вода 
(вкупна тврдост од 1,3 mmol/L или 
повисока), препорачуваме употреба на 
средство за омекнување на водата. За 
повеќе детали за тврдоста на водата 
контактирајте го вашиот снабдувач на 
вода.
Користењето на средство за омекнување 
на водата може да помогне во намалување 
на потребното количество детергент за 
секое перење и помага во спречување на 
формирањето талози од бигор, што може 
да го оштети уредот.