LG D405N ユーザーガイド

ページ / 516
88
< Пристапност >
Користете ги поставките за Пристапност за конфигурирање на додатоците за олеснување 
на пристапот кои ги имате инсталирано на телефонот.
< PC-врска >
Изберете метод за USB-врска
 – Поставете го саканиот режим: Наполни го телефонот, 
Медиумско синхронизирање (MTP)
, Делење, LG софтвер или Испрати слика (PTP).
Прашај при поврзување – Ќе бидете запрашани за режимот на USB поврзување кога ќе 
се поврзете на компјутер.
Помош – Помош за USB поврзувањето.
PC Suite – Означете го ова за користење на LG PC Suite со Wi-Fi поврзување. Обрнете 
внимание дека Wi-Fi мрежата треба да биде поврзана со LG PC Suite преку Wi-Fi врска.
Помош – Помош за LG софтверот.
< Додаток >
куќиште на QuickWindow
 – Активирајте за да можат функциите како музика, време и 
часовник, да станат достапни во мал прозорец при користење на QuickWindow футрола.
Слушалка Plug & Pop – Поставување на функцијата Plug & Pop за слушалки. 
Апликацискиот панел wќе се прикаже автоматски кога ќе се поврзе слушалка. Допрете 
Уреди го апликацискиот панел за да ги промените апликациите кои сакате да бидат 
видливи.
< Печатење >
Ви овозможува да ги печатите содржините на одредени екрани (како што се веб-страници 
прикажани во Chrome) на печатач поврзан на истата Wi-Fi мрежа како и вашиот Android 
уред.
< За телефонот >
Преглед на правни информации и проверка на статусот на телефонот и верзијата на 
софтверот.
Поставки