LG D405N ユーザーガイド

ページ / 516
90
повеќе слободен простор на хард дискот во зависност од количината на складирани 
податоци.)
t
Потребен софтвер: LG интегрирани драјвери, Windows Media Player 10 или повисоко
ЗАБЕЛЕШКА: LG интегриран USB драјвер
За поврзување на LG уред и PC потребен е LG интегриран USB драјвер, и тој автоматски 
се инсталира со инсталирањето на “LG PC Suite” PC софтверската апликација.
Синхронизирање на вашиот уред со компјутер
Податоците од вашиот уред може лесно да се синхронизираат со PC со помош на "LG 
PC Suite" PC софтверот, заради поголема практичност при користењето. Може да се 
синхронизираат контакти, распореди и означени страници.
Постапката е следната:
1  
Поврзете го вашиот уред со PC. (Употребете USB кабел или Wi-Fi врска.)
2  
Ќе се прикаже Изберете метод за USB врска, а потоа изберете LG софтвер.
3  
По поврзувањето, активирајте ја програмата и изберете го делот за уреди од 
категориите на левата страна од екранот.
4  
Кликнете Лична информација за да извршите избор.
5  
Селектирајте ги содржините кои треба да се синхронизираат и кликнете го копчето 
Синхронизација.
ЗАБЕЛЕШКА: За синхронизирање на вашиот телефон со вашиот PC, потребно е да 
инсталирате LG PC Suite на вашиот PC. Ве молиме погледнете на претходните страници 
околу инсталирањето на LG PC Suite.
Преместување на контактите од стариот на вашиот нов уред
1  
Извезете ги вашите контакти како CSV фајл од вашиот стар уред на PC со помош на PC 
програма за синхронизација.
2  
Прво инсталирајте "LG PC Suite" на компјутерот. Извршете ја програмата и поврзете го 
вашиот Android мобилен телефон со PC преку USB кабел.
3  
Од менито во горниот дел, изберете Уред > Увези на уред Увези контакти.
4  
Ќе се прикаже појавувачки прозорец за избор на типот на фајлот и фајлот кој ќе се 
увезе.
5  
Во појавувачкиот прозорец, кликнете на Избери фајл и ќе се прикаже Windows 
Explorer.
PC софтвер (LG PC Suite)