LG G5 ユーザーガイド

ページ / 758
Додаток
148
Упатство против кражба
Поставете го вашиот уред да ги спречува другите луѓе да го користат 
ако е ресетиран на фабричките поставки без ваша дозвола. На пример, 
ако вашиот уред е изгубен, украден или избришан, само некој кој има 
пристап до вашата сметка на Google или ги знае информациите за 
заклучување на екранот може да го користи уредот.
Сè што треба да направите за да биде вашиот уред заштитен е:
Да поставите заклучување на екранот: Ако уредот е изгубен или 
украден, а вие имате поставено заклучување на екранот, тогаш уредот 
не може да биде избришан со користење на менито за поставки ако 
не се отклучи екранот.
Додадете сметка на Google за вашиот уред: Ако вашиот уред е 
избришан, а вие имате сметка на Google за него, уредот не може да 
ја заврши постапката за поставување додека повторно не се внесат 
информациите од вашата сметка на Google .
Откога вашиот уред ќе биде заштитен, за да направите фабричко 
ресетирање треба или да го отклучите екранот или да ја внесете 
лозинката за вашата сметка на Google. Тоа осигурува дека вие или некој 
кому му верувате го прави ресетирањето.
Не заборавајте ги сметката на Google и лозинките што ги имате 
додадено во уредот пред на извршите фабричко ресетирање. Ако 
за време на постапката за поставување не можете да ги дадете 
информациите за сметката, нема да можете воопшто да го користите 
уредот по извршувањето на фабричкото ресетирање.