LG G5 ユーザーガイド

ページ / 758
Додаток
150
DOLBY AUDIO
Произведено по лиценца на Dolby Laboratories. Dolby, Dolby Audio и 
симболот двојно D се трговски марки на Dolby Laboratories.
TypeC-HDMI
Може да нема потреба да приклучувате полнач со TypeC-HDMI 
адаптер за емитување на сликата на екранот. Приклучете го полначот 
за да ја намалите потрошувачката на батеријата.
Кога го поврзувате уредот со TypeC-HDMI адаптер или HDMI-кабел, 
можете на телевизор, проектор или монитор да гледате видео со 
UHD квалитет. Ви треба адаптер што поддржува UHD и HDMI-кабел за 
UHD-излез.
Во зависност од вашиот уред кој го дава сигналот, може да бидат 
ограничени содржините со заштитени авторки права (DRM/HDCP). 
Можете да го гледате само екранот на вашиот уред.
Некои видео-датотеки може да не се пуштаат правилно во зависност 
од перформансите на хардверот или ограничувањето на меморијата.
Некои видео-записи може да не се пуштаат правилно во зависност 
од резолуцијата на екранот, бројот на кадри во секунда, просечната 
брзина на пренос на битови или поставките за кодирање.
Ако екранот е прекинат или се прикажува ненормално, променете ја 
големината на екранот според оригиналната големина на телевизорот 
или мониторот.
Уредите можат заемно да се поврзуваат меѓу себе со TypeC-HDMI 
адаптер и HDMI-кабел дури и ако е исклучено напојувањето.
Ако телевизорот, проекторот, мониторот не го прикажуваат екранот, 
исклучете го за момент HDMI-кабелот со адаптерот. Некои адаптери 
не можат заемно да се поврзуваат еден со друг.