LG G5 ユーザーガイド

ページ / 740
Основни функции
36
Сензор за близина/амбиентно светло
 Сензор за близина: За време на повик, сензорот за близина го 
исклучува екранот и ја оневозможуваа функцијата на допирање 
кога уредот е блиску до човечко тело. Тој повторно го вклучува 
екранот и ја овозможува функцијата на допирање кога уредот е 
надвор од даден опсег.
 Сензор за амбиентно светло: Сензорот за амбиентно светло го 
анализира интензитетот на амбиентното светло кога е вклучен 
режимот за автоматска контрола на осветленоста.
Автоматски фокус со ласерска детекција
 Го детектира растојанието од камерата до субјектот за автоматско 
фокусирање.
 Брзо фокусира на поблиски или подалечни објекти кога ја 
користите задната камера за снимање фотографии.
Копчиња за гласност
 Служат за нагодување на гласноста на тоновите на ѕвонење, 
повиците или известувањата.
 За да снимите фотографија, благо притиснете на копче за гласност. 
За да снимите континуирано низа фотографии, притиснете и држете 
на копче за гласност.
 За да ја стартувате апликацијата Фотоапарат кога екранот 
е заклучен или исклучен, притиснете двапати на копчето за 
намалување на гласноста (-). За да ја стартувате Сними+, притиснете 
го двапати копчето за наголемување на гласноста (+).
Копче за вклучување/исклучување/заклучување (сензор за отпечаток 
на прст)
 Кратко притиснете го копчето кога сакате да го вклучите или 
исклучите екранот.
 Притиснете и држете на копчето кога сакате да изберете опција за 
контрола на вклучувањето/исклучувањето.
 Внимателно ставете го прстот на копчето кога сакате да го отклучите 
екранот со вашиот отпечаток на прст.