LG G5 ユーザーガイド

ページ / 740
Основни функции
37
За некои функции може да биде ограничен пристапот во зависност од 
спецификациите на уредот.
На задната страна на уредот е вградена NFC-антена. Не оштетувајте ја 
NFC-антената.
Не ставајте тешки предмети на уредот и не седете на него. Ако не го 
почитувате тоа можете да ја оштетите допирната функција на екранот.
Фолиите за заштита на екранот или додатоците можат да пречат на 
сензорот за близина.
Ако вашиот уред е влажен или се користи на влажно место, сензорот на 
допир или копчињата може да не функционираат правилно.
Вклучување или исклучување на 
уредот
Вклучување на уредот
Кога уредот е исклучен, притиснете и држете на копчето за вклучување/
исклучување/заклучување.
Кога уредот се вклучува прв пат, се врши почетна конфигурација. 
Првото време на стартување на паметниот телефон може да биде 
подолго од обично.
Исклучување на уредот
Притиснете и држете на копчето за вклучување/исклучување/
заклучување, потоа изберете Исклучување.
Опции за контрола на вклучувањето/
исклучувањето
Притиснете и држете на копчето за вклучување/исклучување/
заклучување, потоа изберете опција.
Исклучување: За исклучување на уредот.