LG G5 ユーザーガイド

ページ / 740
Поставки на телефонот
128
БАРАЊЕ ЗА СКОРЕШНА ЛОКАЦИЈА: За преглед на апликациите 
кои неодамна ви побарале информации за локацијата.
Проценка на локација со ниско напојување: За проценка 
на локацијата на уредот со користење мала потрошувачка на 
енергија.
Фотоапарат: За зачувување информации за локацијата кога се 
прават фотографии или снимаат видео-записи.
Историја на локација на Google: За конфигурирање на поставките 
за историјата на локациите од Google.
Сметки и синхронизација
Можете да додавате или управувате со сметки, вклучувајќи ја и сметката 
на Google. Исто така, може автоматски да синхронизирате конкретни 
апликации или информации за корисникот.
На екранот за поставки, допрете на Општо   Сметки и 
синхронизација.
Приспособете ги следниве поставки:
Автоматско синхронизирање на податоци: За автоматско 
синхронизирање на сите регистрирани сметки.
СМЕТКИ: За преглед на листата со регистрирани сметки. За да ги 
погледнете или промените деталите на одредена сметка, допрете 
на сметката.
ДОДАДИ СМЕТКА: За додавање сметка.
Облак
Можете да регистрирате сметка во облак и да ја прегледувате од уредот 
содржината зачувана во вашиот компјутер или облак.
На екранот за поставки, допрете на Општо   Облак.
Приспособете ги поставките.