LG G5 ユーザーガイド

ページ / 740
Поставки на телефонот
129
Корисник
Можете да додавате корисници и да го споделувате вашиот уред со нив.
На екранот за поставки, допрете на Општо   Корисник.
Приспособете ги поставките.
Пристапност
Можете да управувате со додатоците за пристапност кои се инсталирани 
на вашиот уред.
На екранот за поставки, допрете на Општо   Пристапност.
Приспособете ги следниве поставки:
Визија   TalkBack: За поставување на уредот да известува со глас за 
статусот на екранот или дејствата .
Визија   Гласовни известувања за порака/повик: За поставување 
на уредот да ги чита со глас информациите за повикувачот или 
содржината на пораката.
Визија   Големина на фонт: За промена на големината на фонтот.
Визија   Задебелен текст: За задебелување на текстот на екранот.
Визија   Допрете зум: За зголемување или намалување на 
приказот со допирање на екранот трипати.
Визија   Инверзија на бои на екран: За зголемување на контрастот 
на боите за луѓето со слаб вид.
Визија   Прилагодување на боја на екран: За нагодување на 
бојата на екранот.
Визија   Сиви тонови: За промена на екранот во црно-бел режим.
Визија   Спуштете со копчето за вклучување: За завршување 
повик со притискање на копчето за вклучување/исклучување/
заклучување.
Слушање   Наслов: За вклучување на услугата за титлување при 
пуштање видео-записи за лицата со оштетен слух.
Слушање   Известување со LED-светло: За прикажување на 
статусот на уредот преку LED.