ASUS ZenFone Max (ZC550KL) 사용자 설명서

다운로드
페이지 150
101
Глава 6:  Вашите скапоцени моменти
Напредни карактеристики на камера
Истражувајте нови начини на сликање фотографии или видеа и сликајте ги и снимајте 
ги вашите исклучително посебни моменти користејќи ги напредните карактеристики на 
камерата на вашиот ASUS телефон. 
ВАЖНО!  Поставете ги параметрите пред да сликате. Достапните карактеристики може да се 
разликуват во зависност од моделот.
Слаба осветленост
При употреба на PixelMaster, чувствителноста на светлина на вашата камера се зголемува 
до 400% , се подобрува намалувањето на бучава и се засилува контрастот на бои до 200%. 
Користете го овој режим за да трансформирате секаква тема во извонредна фотографија или 
видео-со или без обилно природно осветлување.
Сликање фотографии при слаба осветленост
1.  Од почетниот екран на апликацијата Камера, допрете  
  > Low light (Слаба 
осветленост).
2.  Допрете  
  за да започнете да сликате фотографии. 
Снимање видеа при слаба осветленост
1.  Од почетниот екран на апликацијата Камера, допрете  
  > Low light (Слаба 
осветленост).
2.  Допрете  
  за да започнете да снимате видео.
Премотување време
По избирањето Time Rewind (Премотување време), вашата бленда почнува да прави фото 
серија две секунди пред всушност да го притиснете копчето на блендата. Како резултат, 
добивате времеплов со фотографии од каде што може да ја изберете најдобрата фотографија 
што сакате да ја зачувате во Галерија. 
ЗАБЕЛЕШКА: 
Карактеристиката Премотување време може да се користи само на задната 
камера.
Сликање фотографии со премотување на време
1.  Од почетниот екран на апликацијата Камера, допрете  
  > Time Rewind (Премотување 
време).
2.  Допрете  
  за да започнете да сликате фотографии. 
3.  Прилагодете го времето (во секунди) во кое сакате вашата фотографија да се репродуцира 
во режим наназад или во режим на премотување.
4.  Допрете  
  кога ќе завршите.