ASUS ZenFone Max (ZC550KL) 사용자 설명서

다운로드
페이지 150
113
Секогаш поврзани
7
7  Секогаш поврзани
Мобилна мрежа
Кога нема достапна Wi-Fi мрежа на која може да се поврзете, може да активирате пристап до 
податоци на вашата мобилна мрежа за интернет врска.
Активирање на мобилна мрежа
1.  Направете нешто од следново за да го активирате екранот Поставки:
 • Активирајте Брзи поставки, а потоа допрете  
.  
 • Допрете  
  > Settings (Поставки).
2. Допрете More...(Повеќе...) > Cellular networks (Мобилни мрежи).
3. Штиклирајте Data enabled (Активирани податоци) и конфигурирајте ги другите 
параметри на мобилната мрежа, ако е потребно.
ЗАБЕЛЕШКИ: 
•  Ако пристапувате до интернет преку вашата мобилна мрежа, ќе се јават дополнителни 
трошоци во зависност од месечната претплата за пренос на податоци.
•  За повеќе детали за цените/наплатата и параметрите на вашата мобилна мрежа, стапете во 
контакт со вашиот мобилен оператор.
Wi-Fi
Wi-Fi технологијата на вашиот ASUS телефон ве поврзува со безжичниот свет. Ажурирајте ги 
сметките на социјалните медиуми, прегледувајте на интернет или безжично разменувајте 
податоци и пораки од вашиот ASUS телефон.
Активирање Wi-Fi
1.  Активирајте го екранот Поставки со правење на едно од следниве:
 • Активирајте Брзи поставки, а потоа допрете  
.  
 • Допрете  
  > Settings (Поставки).
2.  Лизнете го копчето за Wi-Fi надесно за да вклучите Wi-Fi.
ЗАБЕЛЕШКА:  
Исто така може да активирате Wi-Fi од екранот Брзи поставки. Погледнете го 
делот 
Брзи поставки
 за тоа како да го активирате екранот Брзи поставки.