ASUS ZenFone Max (ZC550KL) 사용자 설명서

다운로드
페이지 150
128
Глава 9:  Зен Врска
Далечинска Врска
Претворете го вашиот ASUS телефон во уред за безжичен внес и алатка за презентација. Со 
користењето на оваа апликација, може да го користите вашиот ASUS телефон како подлога 
за допир, панел на екранот на допир, ласерски покажувач за презентации и контролер на 
Windows® Media Player додека е поврзан со вашиот компјутер преку Bluetooth.
ЗАБЕЛЕШКИ:
•  Пред да користите Далечинска Врска проверете дали сте инсталирале Далечинска Врска на 
вашиот компјутер. Одете на  
 да преземете Далечинска Врска и да ја инсталирате на вашиот 
компјутер.
•  Проверете дали прво сте го спариле вашиот компјутер и ASUS телефонот пред да користите 
Далечинска Врска.
Користење на Далечинска Врска
За да користите Далечинска Врска:
1.  Од вашиот Почетен екран, допрете  ZenLink (Зен Врска) > Remote Link (Далечинска 
Врска).
2. Допрете Search device (Пребарај уред) а потоа изберете го уредот со кој сакате да се 
поврзете. 
Подлога за допир на Далечинска Врска
Допрете  
  за да активирате ASUS Smart gesture и да се движите низ вашиот компјутер.
Лизнете со прстот преку  оваа подлога за допир за да се движите 
низ компјутерот.
Допрете го ова копче за да се имитира функцијата на 
левото копче од глувчето.
Допрете го ова копче за да се имитира функцијата на 
десното копче од глувчето.
Движете го овој лизгач  за да го зумирате/одзумирате екранот на 
вашиот компјутер.